Третиот обид на Aston Martin во светот на две тркала резуктира со зашеметувачки дизајн и неверојатна цена.
Во соработка со францускиот специјалист за тркачки мотоцикли Brough Superior, Aston Martin направи нешто што на малкумина им тргна од рака во меотоциклистичкиот универзум.
Ова трета соработка меѓу двете куќу, но за разлика од претходните две, AMB 002 Roadster може да се користи во секојдневието, не само на тркачките патеки. Изграден е на титаниумска рамка тешка само пет килограми што е импресивно.
Го движи нов четиритактен V-twin мотор со водено ладење кој зафаќа 1.083 кубни сантиметри. Моторот, кој е вграден во рамката, му дава на мотциклот совршена распределба на тежината 50:50, располага со 128 коњски сили и 110 Nm вртежен момент.
Механичките делови на моторот се обвиткани во каросеријата што го прави AMB 002 Roadster веднаш препознатлив преку агресивноста и држењето. Со елементи од јаглеродни влакна на клучните места, AMB 002 има странични облоги кои совршено го обвиткуваат возачот, жабри во облик на полумесечина за да помогнат во ладењето и да го подобрат протокот на воздух, како и мноштво елементи што се превземени од автомобилите на Aston Martin.
Aston Martin AMB 002 Roadster користи нов вид систем на суспензија. Наречен вилушка Fior, предната поставеност со двојни виљушки се снаоѓа без компромиси што доаѓаат со телескопските вилушки, едноставно одвојувајќи ги силите на управувањето и сопирањето, додека ја одржува геометријата на предниот дел.
Целиот мотоцикл тежи 190 кг и гарантира дека моќноста на моторот се претвора во возбудувачки перформанси на патот. Предвидено е да се произведат само 300 примероци од моделот AMB 002 Roadster и дека испораките нема да започнат пред третиот квартал од 2027 година.
Цената не е официјално објавена, но очекувајте значителна шест цифрена сума. Впрочем, претходниот модел AMB Pro беше распродаден по цена од 150.000 евра.


