Acura Nexera Vision – Манифест за иднината

Со впечатливата студија премиум марката на Honda го покажува идниот дизајнерски јазик на брендот

По повод обележувањето на своето 40 годишно постоење Acura го презентира смерот на дизајн што ќе биде аплициран во идните модели.

Во фокусот е нагласување на перформансите низ строго дисциплинирани пропорции, скулптурални форми и интеграција на напредните технологии преку што ќе се нагласат прогресивноста и автентичноста на брендот.

Тешко веројатно дека  буквално ќе се примени драматичниот дизајн на Nexera Vision, но сосема е доволно да се замисли како ќе делуваат смелите дизајнерски цитати на идните модели, особено светлосните  елементи.

Од Acura порачуваат дека се посветени да го еволуираат прикажаниот смер од аспект на симетријата на каросеријата и чистотата на линиите  што треба да ги поддржи плановите за следната генерација хибридни возила.

Внатрешноста покажува јасно редефинирање на спортски кокпит со фокус на возачот и употреба на рециклирани, но и природни материјали. Првиот модел на кого ќе се примени новата дизајнерска филозофија треба да излезе на пазарот во следните две години, а во него ќе може да уживаат само американските купувачи.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER