Уште еден Lamborghini за италијанската полиција

Ново поглавје во успешната приказна

Lamborghini подготви уште еден свој автомобил за италијанската полиција – овојпат Temerario кој како и другите пред него ќе се користи за транспорт на органи и други важни медицински итни случаи. Фабриката за самиот автомобил не соопшти скоро ништо, така што тој веројатно е идентичен како и серискиот модел кој е задвижуван од плаг-ин хибриден погонски склоп кој се состои од 4,0 литарски V8 твин-турбо, три електромотори, осумстепен менувач со двојна спојка и скромна батерија од 3,8 kWh. Располага со комбинирани 920 KS и 730 Nm вртежен момент, до 100 km/h забрзува за 2,7 секунди а максималната брзина изнесува 343 km/h.

Соработката на Lamborghini со италијанска полиција започна 2004-та година со Gallardo, кој во својата кариера транспортираше преку двесте органи.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER