Однесувајте се пристојно!
Во напливот на освојувања на светските пазари, кинеските производители ги користат сите средства – своите технологии, брзите одлуки и агресивните цени. Некогаш и преревносно, што индиректно влијае на имиџот на сите, заради што Пекинг подготви еден вид упатство како тие да се однесуваат во странство. Главната идеја е пристојноста и почитувањето на веќе усталените правила на игра на секој пазар, што примарно вклучува да не учествуваат во ценовни војни како меѓу себе, така и со другите производители. Кинеските компании би требало да ги ускладат своите цени со трошоците, понудата и побарувачката и да ги избегнуваат честите или драстични промени кои би можеле да им наштетат на купувачите. Како непосакувани се наведуваат и цените кои исклучиво се користат за стекнување конкурентска предност.
Но не е само тоа – дадени се и насоки за коруптивни дејствија, антимонополското право, условите за работа, рекламирањето, односот кон добавувачите и дилерите и заштитата на податоците. Според официјалните податоци лани Кина има извезено 8,3 милиони возила низ целиот свет а кинеските компании веќе имаат сопствени производствени погони во 80-тина земји.



