Берзите реагираа на катастрофалната состојба кај германскиот производител
Додека директорите се двоумат како да пристапат кон решавање на наталожените проблеми без многу да ги разбеснат синдикатите, ги разлутија акционерите – заради опаѓањето на вредност ана акциите на Volkswagen компанијата е исфрлена од Euro Stoxx 50 индексот и на нејзиното место ќе дојде финската Nokia. Според извештајот на берзанските провајдери вредноста на акциите на Volkswagen опадна за 27 отсто како резултат на неможноста да се бори против кинеската конкуренција и да продолжи со реструктуирањето. Во исто време акциите на Nokia кои достигнаа 18-годишен максимум сега вредат повеќе од двојно отколку во исто време минатата година. Реакции за ова од Volkswagen засега нема.
Берзанскиот Euro Stoxx 50 индекс ги покажува финансиските перформанси на 50 најголеми компании од еврозоната и се смета за еден од водечките барометри на берзата во Европа.



