Hyundai во сеопфатна офанзива

До 2030-тата повеќе од сто нови модели

Компанијата Hyundai Motor која ја вклучува и марката Genesis но не и Kia драстично ја зголемува понудата – планира до крајот на деценијава ширум светот да лансира или освежи повеќе од сто модели и да ги зголеми производствените капацитети за скоро 1,3 милиони возила. Планот е дел од стратегијата претставена на денот на инвеститорите чија основа е зголемување на глобалниот обем на продажба на 5,55 милиони возила односно 6 отсто пазарно учество и остварување и оперативна маржа поголема од 9 отсто.

Деталите понатаму велат дека Американците треба да очекуваат лансирање на 58 нови или освежени модели, 49 ќе бидат наменети за Кореја, 41 за Европа, 26 за Индија и 22 за Кина. Од вкупниот број новитети 18 ќе бидат во сегменти во кои Hyundai во моментот има мало или никакво присуство. Интерните анализи покажуваат дека овие категории возила опфаќаат околу 26 милиони единици годишно односно 29 отсто од глобалниот пазар. Конкретно се споменуваат пикапите, лесните комерцијални возила и големите SUV модели, како и роботакси возила. Електрифицираните модели треба да сочинуваат 60 отсто од вкупната продажба.

Секако, ширењето на понудата ќе биде поддржано со зголемување на индустриските капацитети, и тоа за 500.000 возила во Северна Америка, 320.000 во Индија, 200.000 во Јужна Кореја и уште 250.000 во останатите региони. За Америка е поставена и посебна цел – 80 отсто од компонентите да бидат од локално производство.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER