Lamborghini Temerario Tricolore

По 15 години отсуство, Tricolore се враќа во Lamborghini.

Gallardo LP 550-2 Tricolore во 2011 година беше претставен за да ја одбележи 150 годишнината на обединувањето на Италија. Тој немаше ништо специјално во техничка смисла, но беше украсен во боите на италијанското знаме.

Дека ова е многу важен момент за „разбеснетиот бик“ покажува новиот Temerario Tricolore, кој е вториот модел што го користи тој прекар. Заеднички создаден од Lamborghini Centro Stile и Ad Personam, уникатниот модел. Позначајно е што Temerario има зелена, бела и црвена лента на хаубата инспирирана од италијанското знаме.

Моќта ја обезбедува познат plug-in хибриден систем, кој се состои од 4,0-литарски V8 мотор со двоен турбо, три електрични мотори, осумстепен менувач со двојна спојка и батериски пакет од 3,8 kWh. Ова му дава на купето комбинирана моќност од 920 КС и 730 Nm вртежен момент. Благодарение на овие дарежливи бројки, автомобилот може да забрза од 0-100 км/ч за 2,7 секунди и да достигне максимална брзина од 343 км/ч.

Temerario Tricolore е толку важен за Lamborghini, иако се работи само за козметички зафати, што во втор план ја фрли првата монтерејска премиера Revuelto SV, изведба која е најсилна што ни доаѓа од Сант Агата Д Болоњезе и има 1.050 КС.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER