Првото електрично возило на корејската марка ќе излегува од погоните во Коџаели
Турција стана родно место на уште едно електрично возило, прво на некоја странска марка – фабриката на Hyundai во Измит започна со производство на Ioniq 3 со што е направен значаен стратешки чекор и за земјата и за корејската компанија во европската програма за електрификација. За производството на малиот електричен модел во оваа фабрика која функционира од 1997-ма година се инвестирани 250 милиони евра со кои во текот на две години повеќе од 50 отсто од погоните се модернизирани. Планирана е годишна продукција од 30.000 единици на Ioniq 3 чие пазарно лансирање ќе биде во октомври.


