Остануваат Buick и Cadillac а Chevrolet си оди
Иако продажбата во последно време драстично им опаѓа, General Motors и SAIC не размислуваа воопшто дали да го продолжат своето партнерство кое датира од 1997-ма година. Новиот договор предвидува тоа да продолжи во наредните две децении со таа разлика што ќе дојде до измена на понудата. Заедничката компанијата ќе се насочи кон Buick и Cadillac додека Chevrolet ќе го напушти кинескиот пазар. Моделите од оваа марка и понатаму ќе се произведуваат таму, но само за извоз. Истовремено ќе се даде поголем акцент на субмарката Electra, со план нејзините модели да настапуваат поглобално – се цели на пазарите на Блискиот Исток, Африка, Јужна Америка и азиско-пацифичкиот регион.
Според плановите GM-SAIC до 2030-та година ќе претстави најмалку 30 нови модели.


