Lamborghini Rivuelto Miura 60° Homage

Разбеснетиот бик ја слави 60-годишнината од појавувањето на својот прв модел, легендарната Miura.

Претставена во 1966 година, Miura во својата најмоќна верзија, испорачуваше 385 КС и надмина максимална брзина од 290 км/ч, поставувајќи нови стандарди за автомобили со високи перформанси.

Во комбинација со својот револуционерен дизајн и непогрешлив стилски идентитет, овие карактеристики ја етаблираа Miura како еден од најзначајните модели на Lamborghini и симбол на автомобилската култура од 1960-тите.

Revuelto Miura 60° Homage ги реинтерпретира некои од стилските елементи што ја направија Миура еден од највлијателните автомобили во историјата. Во слава на тоа 99 примероци на Revuelto ќе бидат направени кои ќе го ја понесат суфиксот Miura 60° Homage.

Најмоќниот Lamborghini ги зема некои од иконските стилски елементи на Miura и ги применува на водечкиот модел HPEV (High Performance Electric Vehicle) на куќата. Revuelto Miura 60° Homage е достапен во девет бои на надворешноста инспирирани од нијансите што историски се нуделе на Miura.

Од техничка перспектива, Lamborghini Revuelto поставува репер во својот сегмент преку комбинацијата на иконскиот атмосферски V12 мотор и хибриден систем, испорачувајќи вкупна моќност од 1.015 КС и 807 Nm вртежен момент.

Ова се преведува во исклучителни перформанси, со забрзување од 0 до 100 км/ч за само 2,5 секунди и максимална брзина од повеќе од 350 км/ч. Штом е ексклузивен модел во ограничена бројка, нормално е да биде и ултра скап. Колку чини ќе знаат само 99 богаташи кои не ги жалат парите за да имаат ваков ексклузивено избрусен дијамант на четири тркала.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER