Европскиот пазар во подем

Во првата половина од годинава забележен е пазарен раст од 6,1% што е еквивалент на 7,23 милиони регистрации

Од јануари до крајот на јуни 2026 година, европскиот автомобилски пазар бележи здраво закрепнување кое покажува консолидација на речиси сите поголеми групи производители и ја потврдува одржливата побарувачка низ целиот континент.

Групацијата VW е суверена на првото место со 1.848.988 регистрации (+2,1%), држејќи убедливо водство пред Stellantis, групација што успеа да продаде 1.096.783 возила и да забележи раст од 5,3%. Кинеските брендови се повеќе пробиваат на пазарот чија комбинирана бројка достигна до 791.958 единици, што е зголемување од 65,4%, предводена од експлозивниот раст кај SAIC +18%, BYD +145% и Chery +305%.

Кинескиот пазарен удел од 11% ги престигнаа Renault и Hyundai и станаа трета најголема сила во Европа. Воедно структурата на погоните се менува. Регистрациите на BEV се зголемија за 35,1%, односно 1,61 милиони, зголемувајќи го уделот на BEV на пазарот на 22,2%, додека обемот на бензин и дизел се намали. Европските марки сè уште го држат водството. Групацијата VW беше на чело со речиси 1,85 милиони регистрации, а нејзините брендови Škoda (+10,8%) и Audi (+7,3%) ги компензираа послабите резултати кај основниот патнички бренд VW (-3%). Stellantis достигна 1,09 милиони единици (+5,3%), FIAT бележе одличен раст (+28,7%), а Alfa Romeo е во плус од 65,4%.

Со ова двата италијански бренда се издвојуваат со најдобар перформанс во групата. Германската премиум тројка цврсто ги држи позициите. BMW Group (+5,1%) и Mercedes-Benz (+3,2%) пораснаа, при што брендот MINI на BMW порасна за впечатливи 20,4%, покажувајќи континуирана сила на врвот на пазарот. Низ петте најголеми пазари во Европа електрифицираната транзиција напредува, но со многу различно темпо.

Уделот на BEV се движеше од само 8,4% во Италија до 28,2% во Франција, што одразува различни режими на стимулации и инфраструктура за полнење. Целосните и благите хибриди останаа најголемата категорија речиси насекаде. Во Германија, Велика Британија и Франција, електричните автомобили на батерии сега се продаваат повеќе од моделите со чист бензин – а за Обединетото Кралство ова е прв пат BEV да го надминат бензинците.

Според проценките, до крајот на годинава се очекува продажба на околу 3,5 милиони BEV со што нивниот удел ќе достигне до 25% во најдобар случај. Бензинските и дизел погоните продолжуваат да паѓаат и бележат намалување за 16,2% односно 16,4% низ цела Европа. Хибридите остануваат ‘рбетот. Приклучните, самонапојувачките и благите хибриди пораснаа за 12,1% на 2,67 милиони единици, што е убедливо најголемата група на погонски склопови и прагматичен мост за купувачите кои сè уште не се подготвени да преминат на целосно електрични возила.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER