Три децении верност
Лансирани 1996-та година, Peugeot Partner и Citroen Berlingo целосно го изместија тогашниот сегмент на мали доставни возила. Нивниот иновативен пристап кој ги комбинираше практичноста, робусноста, широкоградиот капацитет и високото ниво на удобност во возењето ги немаше никој друг. Затоа и брзо се наметнаа како најлогичен избор за секој оној што имаше потреба од две возила – едно за работа, второ за семејството. Тоа го обезбедија со зафатнината на просторот за товар од 3 кубни метри, носивоста од 800 килограми и автомобилската удобност што ја имаа.
Истите постулати важат и денес, три децении и три генерации подоцна. Во тоа се имаат уверено скоро 7 милиони купувачи за кои сестраноста не е компромис.



