Крајот на месецов, поточно на 29 јули во 19 часот и 30 минути, Mercedes ќе го претстави новиот GLA
Без ниту збор да каже за него, Mercedes ја најави третата генерација на својот успешен кросовер од почетокот на понудата – новиот GLA ќе го видиме за точно една недела отсега. Продолжувајќи ја својата офанзива во сите сегменти на SUV моделите, Mercedes повторно ќе привлече внимание со субкомпактниот GLA кој досега сосема сериозно ги имаше заинтересирано купувачите со своите квалитети. Тие секако ќе бидат надградени – најпрво на дизајнерско ниво, а подетално и во механиката. Нема никакви официјални податоци или фотографии за него, но од она што однаоколу се дознава ќе има светлосен потпис налик на GLB и GLC, што значи трикраки ѕвезди во дневните светла и на маската.
Внатрешноста секако ќе биде исполнета со екрани спакувани во MBUX Hyperscreen пакетот, а кај моторизацијата сигурно треба да ја очекуваме линијата агрегати која се среќава кај GLB и делумно кај CLA. Тоа значи дека сé ќе стартува од благите хибридни бензинци со 136 плус 30 коњски сили од електромоторот. За понатаму нема да шпекулираме. Ќе се стрпиме уште една недела.


