Stellantis ја губи Австралија

Поразителните бројки за продажбата ќе ги избркаат Peugeot и Fiat од австралискиот пазар

За кратко време едноподруго од Австралија пристигнуваат вести дека на тамошните купувачи веќе нема да им се нудат моделите на Peugeot и Fiat. Причината се бројките кои покажуваат драстично опаѓање на продажбата – француската марка оваа година продава во просек по 75 возила месечно а италијанската пак по само 24, додуша без комерцијалните возила. Тоа ја прави иднината на овие два бренда несигурна заради што дистрибутерот Inchcape веќе се откажа од Peugeot за кој Stellantis сега размислува дали воопшто вреди да ја презеде продажбата во свои раце преку австралиската филијала која ги застапува уште и Abarth, Alfa Romeo, Jeep и Leapmotor. Fiat скоро сигурно ќе го напушти нивното друштво – увозот веќе е прекинат и се продаваат само возилата што се на залиха. Слична судбина во 2024-тата го снајде и Citroen додека продажбата на RAM и Maserati е доверена на локалниот дистрибутер Ateco.

Лани во Австралија се продадени рекордни 1,24 милиони возила. Апсолутен лидер на пазарот е Toyota со 240 илјади пред Ford кој има 94 илјади, но затоа пак најпродаван модел на пазарот е неговиот пикап Ranger за кој се имаа одлучено повеќе од 56 илјади купувачи. Peugeot стигна до 1.350 а патничката програма на Fiat до едвај 411 купувачи.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER