Во 2017-тата Karoq се појави на пазарот. Во очекување на новата генерација го забележа својот милионитит примерок.
Škoda слави уште еден јубилеј. Овој пат во центарот на вниманието е Karoq кој се произведува во фабриката во Квасини во Чешка. Милиониттиот примерок е Karoq 1.5 TSI со 150 КС во графитно сива боја. Лансиран во 2017 година, Škoda Karoq е достапен на околу 60 пазари низ целиот свет.
Купувачите можат да избираат помеѓу различни бензински и дизел мотори, како и погон на предните и на сите четири тркала. Приближно 73 проценти од купувачите се одлучуваат за автоматски менувач, додека 27 проценти избираат мануелен менувач. Најголемите продажни пазари за моделот се Германија, Чешка и Обединетото Кралство. Новата генерација на Karoq е предвидена да биде претставена во средината на идната година.


