Кинези со шпански пасоши пристигнуваат на Балканот

Ревитализираната шпанска марка Ebro започнува со продажба во Хрватска и Словенија

Кога пред три години шпанската компанија EV Motors се договори да ги произведува моделите на Chery во некогашната фабрика на Nissan во Барселона, сите помислија дека се работи само за бизнис експеримент ограничен на локалниот пазар. На почетокот навистина така беше и освен дома Кинезите со шпански пасоши се нудеа само уште во Португалија. Но сега работите се менуваат и возилата на Ebro стигнуваат на Балканот – откако претходно веќе настапија во Бугарија сега започнуваат со продажба во Хрватска а малку подоцна и во Словенија. Во првата фаза ќе се користат постоечките продажно-сервисни центри на нивниот застапник Auto Hrvatska со што ќе се осигура силна почетна пазарна присутност и ќе се постават темели за идно ширење на мрежата преку овластени партнери.

Понудата ќе биде иста како и во Шпанија и ќе вклучува четири модели достапни со бензински, хибридни и плаг-ин погонски групи. Почетокот на продажбата е планиран за есен, а цените не се познати. Бидејќи Auto Hrvatska има свои бизнис-релации и во Македонија, логично е да очекуваме да пристигнат и кај нас.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER