Најновиот дериват на McLaren е четврти по ред од серијата 7 и има најдобар однос моќност-тежина
Последната еволуција на сериски супер автомобил што започна со 720S и продолжи со 765LT и 750S ја носи ознаката 788HS.
Тој е третиот модел на куќата што ја носи ознаката „High Sport“ резервирана само за најспецијалните егземплари на сериско производство на McLaren. Досега, оваа ретка значка се појавуваше само на два претходни модели; MP4-12C HS и MSO HS.
Срцето на 788HS е четири литарскиот V8 мотор со двојно турбо, кој врти до 8.500 вртежи во минута и развива максимална моќност од 788 КС при 7.500 вртежи во минута. Со 800 Nm вртежен момент, тој обезбедува моментална реакција, забрзува од 0-100 км/ч за 2,8 секунди, до 200 му требаат 7 секунди и постигнува максимална брзина од 330 км/ч.
Се произведува, како и неговите претходници, во купе и кабрио верзија.


