Американската администрација му забрани на Polestar да продава нови автомобили
Оваа дискутабилна одлука е донесена согласно правилата кои ја ограничуваат продажбата на автомобили со кинеско потекло кои располагаат со технологија за поврзување, што во пракса значи сите возила, дури и оние кои се произведуваат во Америка, како што е случај со Polestar 3. Од компанијата со жалење но без изненадување констатираат дека после распродавањето на залихите нема да можат на купувачите да им ги нудат своите модели а производството во фабриката на Volvo во Јужна Каролина ќе биде прекинато. Овие правила за поврзаните возила финализирани уште во моментите кога претседател беше Бајден но со важност од 2027-мата се однесуваат на стравот дека технологиите со кои располагаат можат да се користа за шпионирање. Затоа и за нивна продажба е потребна дозвола од бирото за индустрија и безбедност на министерството за трговија кое во овој случај одби да му ја издаде на Polestar заради тоа што марката е во сопственост на Geely. Volvo барем засега успеа да ја обезбеди.


