Jeep – Доаѓаат четири нови модели

Jeep е препознатлив по теренските возила. Тоа така ќе остане, но на повидок се нови модели.

Моментално во Европа Јеер имаат само два модели, компактниот Avenger и поголемиот Compass, по отстранувањето од пунудата на Wrangler и Renegade поради „еколошките регулативи“ на ЕУ.

Како што најавија од штабот на Јеер, оваа состојба ќе се промени до 2030 година. По промовирањето во еден од четирите глобални брендови во рамките на Stellantis Group, се планира лансирање на четири нови модели.

Покрај Recon, кој ќе биде достапен во продажните салони на почетокот на следната година, плановите вклучуваат компактен и голем кросовер во C-сегментот, како и адекватен модел во D-сегментот што ќе го наследи Grand Cherokee. До 2030 година, линијата на Jeep ќе се состои од вкупно шест модели. Првиот човек на европската филијала на Јеер, Катоне, предвидува подобри можности на пазарот поради флотните продажби.

Кинескиот партнер на Stellantis, Dongfeng, е вклучен како партнер за развој на кросовер од D-сегментот кој ќе се произведува и нуди во Кина како и за европскиот пазар и ќе користи платформа дизајнирана за мотори со внатрешно согорување и за електрични погони.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER