Дали Мерцедес ќе заринка во Америка ?

Работењето на Mercedes во Соединетите Држави се става под прашање и неизвесност.

Причините лежат во параноичните стравувања на Американците од кинеската индустрија заради што се подготвуваат низа административни бариери да се спречи нејзиното влијание врз домашната економија.

Една таква ќе биде новиот закон кој е во фаза на разгледување и има поддршка од политичарите од двете најголеми партии со кој се ограничува работењето на компаниите кои во својата сопственичка структура имаат кинески капитал.

Во предлогот се споменуваат 15 отсто над кои на тие компании би им било ускратено правото пет години да увезуваат, продаваат и произведуваат на американска почва.

Токму тука лежи загриженоста на Mercedes во кој кинескиот BAIC како најголем поединечен акционер поседува 10 отсто а основачот на Geely Ли Шуфу преку една своја инвестициска компанија дополнителни 9,7 отсто, што заедно е доста над предвидената граница.

Иако целата процедура сé уште е далеку од финалната фаза, Mercedes може да се најде во сериозно неповолна ситуација – Америка е втор најголем регион според продажбата и компанијата таму има производствени погони за своите најпрофитабилни модели кои ги испорачува низ целиот свет.

Без оглед на конечниот исход овој случај јасно покажува колку автомобилската индустрија и глобалниот капитал се меѓусебно поврзани, така што било каква одлука донесена во политичките институции може да има непредвидливи далекусежни последици.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER