Интернационалната верзија на Dacia Bigster започна да се произведува и во Турција.
Овој модел лансиран лани во Бразил како Renault Boreal ќе му помогне на францускиот производител да ја зацврсти својата позиција во земјите каде Dacia како марка нема традиција.
Тоа пред сé се Блискиот Исток, Африка и избрани пазари од Источна Европа надвор од унијата. Глобалниот ангажман ќе биде потпомогнат и со уште една производствена локација во Кина. Изборот овој модел да се произведува во Турција не е случаен – земјата е втор најголем пазар за Renault.
Тамошниот Boreal доби и хибриден погон сочинет од 1,8 литарски бензинец и два електромотора со вкупно 160 коњски сили.
Посебно интересен е менувачот без класична спојка чија технологија на менување на степените на пренос води потекло од формула 1.
За класично настроените купувачи во понуда ќе биде и 1,3 литарски турбо мотор со 145 коњски сили спарен со менувач со двојна спојка. Не треба да очекуваме дека Renault Boreal би се продавал и во Македонија.


