BMW X5 – Пет врвни погони во еден модел

Новиот X5 го понесува дизајнот на Neue Klasse, но не ја дели неговата основа.

Иако замаскирани, од прототипите кои се во завршна фаза на тестирања може да се наслути во која насока ќе се движи дизајнот на новиот Х5.

Површините ќе бидат почисти, линиите поедноставни но ќе бидат задржани класичната силуета со висока маска, хоризонтално поставени светла и моќно обликуван браник. Иако добро скриена се гледа и дека внатрешноста ќе презеде дел од решенијата од најновите модели на марката, вклучувајќи го и Panoramic iDrive системот со широк приказ информации на долниот дел од ветробранското стакло.

Најголемите промени се под каросеријата заради што новата генерација на овој еден од најважните луксузни теренци на пазарот ќе биде многу повеќе од вообичаена смена на моделите.

Се знае дека ќе биде понуден со дури пет различни погонски групи – покрај бензински, дизел и плаг-ин хибридни, за прв пат ќе има и електрични верзии со батерии и горивни ќелии.

Познати се и првите технички податоци – бензинскиот X5 40 ќе развива 400 коњски сили, плаг-ин хибридот X5 50e ќе располага со 490 а електричниот iX5 60 ќе има два електромотора и вкупно 578 коњски сили. Архитектурата му е на 800 волти а батериите за него се импресивни – располагаат со нето капацитет од 144 киловат-часа.

Подржано е полнење на 400 киловати а автономијата не е позната. Производството и понатаму ќе биде во Америка, а верзијата со погон на водород се очекува во 2028-ма година.

Истовремено Баварците објавија дека започнале со примање нарачки за електричниот i3, што првобитно беше планирано за наесен. Почетната цена на моделот во Германија е 66 илјади евра.

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER