Bovensiepen 05 GT – Ќе те сакам до последниот цент!

Искусните велат дека за богатите разводот на брак е скапа и макотрпна работа. Најверојатно така стојат работите и во бизнисот.

Новиот бренд Bovensiepen, го претстави својот втор автомобил по продавањето на името Alpina на BMW. Можеби звучи налудничаво, но и вториот нивен автомобил е луксузен и засилен дериват на BMW. Оснивачите на куќата за тјунинг што BMW ја купи целосно во 2022 година, сега повторно издаваат свој производ врз база на сино-белиот пропелер.

05 GT започнува како BMW М5 Touring, поминува низ реинженеринг од глава до петици и завршува со фигура на моќност соодветна за ограничено издание на M5. За 05 GT, компанијата го ангажираше стручното мислење на познатиот дизајнер на автомобили Френк Стивенсон, кој му дададе дискретен изглед, а сепак се издвојува од „обичната“ М5.

Направени се суптилни, но скапи реинтерпретации на браниците и нова мрежеста решетка со голем амблем на Bovensiepen. Инсталиран е и сет ковани тркала од 21 инчи со 20 краци, кои се обвиткани во пневматици Pirelli, создадени специјално за овој автомобил.

Промените продолжуваат по страните со нови прагови, додека задниот дел добива прилагоден спојлер што се протега од покривот и четири издувни цевки.

Несомнено најимпресивната работа кај 05 GT е погонскиот склоп. Иако изгледа ненаметливо и многу слично на основната 5 Touring, всушност користи ист приклучен хибрид со 4,4 литарски двоен турбо V8 мотор како и M5.

Благодарение на новиот влез за воздух, титаниумскиот издув Akrapovic и некои софтверски измени, Bovensiepen извлече 790 КС и 1.100 Nm. Луксузниот караван може да забрза до 100 км/ч за помалку од 3,6 секунди и да достигне максимална брзина од 305 км/ч, ама за воља на вистината, со вкупни 2.555 кг го прави 5 кг потежок од M5 Touring. Други промени фокусирани на перформансите вклучуваат подобрена суспензија со нови пружини Eibach, модифицирани лежишта и потпирачи за амортизерите.

Да биде прикаската уште по убедлива, Bovensiepen ги пресвлече седиштата со кожа Lavalina, набавена од одбрани фарми во алпските региони на Германија, Австрија, Швајцарија и Италија. Воланот е исто така новоизграден во мека нова кожа и, како што би очекувале од возило како ова, купувачите можат да изберат од мноштво различни бои на кожа за да го создадат своето возење од соништата.

Bovensiepen планира да започне со испораките на 05 GT во четвртиот квартал од годинава, со цени што почнуваат од 198.900 евра, а колку парчиња ќе испорача, можеби треба да се праша бившиот сопруг, или неговиот адвокат…

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER