Boreham Escort Mk1 RS – Реинтерпретирана класика

Британскиот специјалист Boreham Motorworks направи Escort каков Ford немаше.

Иако така изгледа, тој ниту е рестомод ниту пак реплика туку сосема нов автомобил официјално лиценциран од Ford направен со користење на оригиналните технички цртежи.

Платформата е потполно нова, со посебно изработено ослонување а за поголема стабилност при повисоки брзини меѓуоскиното растојание малку е продолжено.

За намалување на тежината делови од каросеријата се од карбонски влакна, а автомобилот нема сервоуправувач, систем против блокирање на тркалата и било каква друга електронска контрола.

Посебна приказна е моторот со зафатнина од 2,1 литар способен да истисне 330 коњски сили при десет илјади вртежи во минута, спарен со петстепен мануелен менувач. Кој сака може да добие и помал 1,8 литарски агрегат со 185 коњи.

Податоците за перформансите не се објавени. Ќе бидат направени 150 примероци по цена од 295 илјади фунти.

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER