MG Motor кој делува во рамките на кинеската групација SAIC конечно одлучи – ќе гради фабрика во Шпанија!
Ова претставува е еден од најважните чекори во поновата историја на марката која иако на Стариот Континент веќе подолго време се смета за европска, сепак сите свои возила ги произведуваше во Кина.
Но после повеќегодишен силен раст на продажбата во кој апсолутно го држи првото место меѓу кинеските марки, дојде време и тоа да се смени. Според објавените планови новата фабрика би се сместила во регионот Галиција, а вкупните инвестиции се проценуваат на околу 200 милиони евра.
Почетокот на изградбата е планиран за 2027-мата, а производството треба да стартува една година подоцна. Ќе се вработат две илјади луѓе и ќе има капацитет за 120 илјади возила годишно.
Со ова MG дополнително ќе ги зацврсти своите пазарни позиции во Европа каде од релансирањето на марката во 2011-тата има продадено еден милион возила.
Во моментов марката е присутна во 34 земји со продажно-сервисна мрежа од 1.300 дилерства на кои на располагање им е гама од 11 бензински, хибридни, плаг-ин и електрични модели. Истовремено од MG се пофалија дека од своето основање во 1924-та година под оваа марка ширум светот се пласирани сто милиони возила.


