Во слава на Молдавија и 15 години работење во земјата
Велат за вкусовите не треба да се расправа. Тоа е златно правило и во Sonderwunsch одделението на Porsche кое во чест на 15-годишнината на Porsche Молдавија подготви уникатна изведба на 911 GT3 Touring.
Наречена Tree of Life односно Дрво на животот се истакнува со комплицирана и драматична графика нагласена со златни детали. Бојата на каросеријата постепено се прелева од предниот кон задниот дел создавајќи уникатно визуелно присуство.
Внатрешноста во која испреплетено се користени повеќе различни материјали е инспирирана од молдавските народни носии а дрвените елементи дополнително ја поврзуваат кабината со природните и занаетчиските традиции на земјата.
Механички автомобилот ги задржа сите карактеристики од стандардниот GT3 Touring кој располага со четирилитарски атмосферски мотор со 510 коњски сили и постигнува максимални 313 километри на час.


