Јапонците и Кинезите заеднички ќе произведуваат автомобили во Англија

Во фабриката на Nissan во Сандерленд ќе се произведуваат модели на Chery

Досега беа само шпекулации за евентуалниот ангажман на вишокот капацитети во англиската фабрика на Nissan од страна на кинескиот Chery, а сега веќе работите добиваат официјална потврда. Според Меморандумот за разбирање, објектот во Сандерленд ќе остане целосно во сопственост на Nissan,

но под истиот покрив ќе започне со производство на патнички возила Chery на производствената линија број еден во 2027 година. Nissan смета дека ова е важен чекор напред и со нетрпение очекува да соработуваме со кинескиот бренд во финализација на договорот. Засега не се објавени детал за договорот, но повеќе од извесно е дека наскоро на европскиот пазар ќе пристигаат возила на Chery со европски сертификат на потекло.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER