Во втората половина на годинава FIAT ќе лансира два нови модели дизајнирани да ја прошират постоечката понуда и да го зајакне своето присуство во C-сегментот. Grizzly е простран и пристапен кросовер додека Grizzly Fastback изразува подинамичен и софистициран дух, со елегантна силуета, порафиниран и експресивен изглед. Првата официјална фотографија тоа го потврдува, особено што дизајнот ги следи постулатите зададени со Grande Panda.