GMC Hummer X – Евтини верзии на горостасот

За оние на кои сегашниот Hummer им е преголем и прескап, General Motors подготви два концепта на пикап и теренец со помали димензии.

Да не се радуваме пред време компанијата наведе дека претставените концепти не се наменети за сериско производство. Според нивните зборови тие треба да посочат во кој правец марката ќе оди понатаму што сепак значи дека нешто слично може да се појави на пазарот.

Со габарити колку Chevrolet Colorado или пак Ford Bronco тие се наменети за тешки терени за кои се подготвени со големиот клиренс и моќниот погон на сите тркала. Визуелно веднаш потсетуваат на своите поголеми браќа со малку подраматично изведени дизајнерски детали.

Кабината е замислена со големи можности за конфигурирање според желбите и потребите. Податоци за погонот нема.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER