Најпрво Porsche а потоа и Lamborghini и Ferrari подлегнаа на искушенијата и отстапувајќи од своите исконски корени запловија во водите на комформизмот нудејќи и нешто друго освен спортски модели. Но не и Bugatti иако тоа беше во план и малку недостигаше да се случи – наследникот на Veyron требаше да биде луксузна лимузина.


