Спас или крај за италијанското наследство?
После Opel, и Maserati добива кинески партнери. Засега далеку од официјална потврда, Stellantis наводно е во преговори со Huawei и JAC за заедничко производство на електрични возила што ќе ја однесен култната автомобилска марка пред драматична пресвртница.
Не е тешко да се погодат плановите за соработката – Huawei би бил задолжен за развој на клучните технологии и стратешко планирање, JAC би ги презел развојот и производството а улогата на Maserati ќе се сведе на дизајнот и маркетиншката поддршка.
Информациите кои полека протекуваат во јавноста уште откриваат и дека разговорите за ова се водат уште од почетокот на минатата година, како и дека се започнати прелиминарните работи на развојот на моделот кој би имал две изведби – една за Кина и втора за меѓународните пазари, со различни амблеми на носот.
Maserati во 2025-тата продаде само малку над 11 илјади возила што е опаѓање од дури 58 отсто во однос на претходната година и многу, многу далеку од рекордната 2017-та кога беа испорачани 49 илјади автомобили.


