Во 1977-ма година Бодо Бушман го основаше Brabus…
Следејќи ги своите соништа со страст и амбиции гледајќи можности каде другите гледаа ограничувања, компанијата денес е една од најпознатите тјунерски куќи.
Во негова чест е подготвен исклучителен автомобил едноставно наречен Bodo. Основата е Aston Martin Vanquish но ретко кој ќе го препознае тоа. Рачно изработената каросерија од јагленородни влакна има агресивен преден дел со истакната маска и уникатни светла.
Елегантната силуета изгледа фантастично и со меки линии преминува во долгиот и спуштен заден дел.
Внатрешноста веќе е препознатлива, облагородена со нова инструмент табла, премиум кожа и елементи од карбон.
5,2 литарското V12 срце е добро преработено и истиснува рамно 1.000 коњски сили, доволни за 360 километри на час и забрзување до првите сто за три секунди. Цената е милионска а ќе бидат направени 77 примероци.


