Во пресрет на лансирањето на своето најголемо спортско-корисно возило, „Господарот на прстените“ ја покажа својата моќ правејќи палата на тркала
Доколку се суди според интериерот тогаш Audi Q9 сериозно ќе ги помати сметките на своите германски конкуренти BMW X7 и Mercedes GLS.
Според објавените фотографии и спецификации, внатрешните квалитети се повеќе од импресивни. Новиот Audi Q9 е простран, има ексклузивен ентериер и овозможува престој во кого патниците може да уживаат во својот микро космос. Зад неговите врати кои се отвораат електрично, новиот знаменосец на Audi нуди опции со шест и седум седишта, лесен пристап до третиот ред и голем, осветлен панорамски подвижен покрив со транспарентност според желба на патниците.
Q9 ќе биде лансиран за околу два месеци, но едно е веќе јасно, тој ќе биде технолошки издигнат на високо ниво. Возилата стануваат многу повеќе од само средство за транспорт; тие се мобилни простори за живеење. Премиум материјалите, променливото седење со индивидуални електрични седишта во вториот ред и автоматските врати ја нагласуваат посветеноста на квалитетот и престижот.
За максимална удобност опционално се нуди распоред со шест седишта каде средниот ред се состои од две електрично прилагодливи индивидуални седишта со активна вентилација во централните панели и на потпирачот за грб.
Стандардниот панорамски покрив во Q9 има површина од приближно 1,5 квадратен метар и може да се отвори, а воедно ламинираното стакло ја рефлектира инфрацрвената светлина и блокира повеќе од 99,5 проценти од UV зрачењето.
Највисокото ниво на опрема има осветлување. 84 LED диоди го облеваат покривот во една од 30-те бои што одговара на избраното амбиентално осветлување. Audi оптимално го комбинира интерактивното светло со ажурираниот премиум звучен систем Bang & Olufsen со 4D звук.
Кабината е исполнета со големи дисплеи чии отчитувања ќе може да ги изберат возачот, но и патниците. Ова само првично навестување на Audi Q9 ветува дека возењето во него ќе биде импресивно искуство.




