Cadillac го одбележа стартот на својата прва сезона во формула 1 со специјално издание на моделот CT5.
Базирано на перформансната V Blackwing изведба ја носи ознаката F1 Collector Series и донесува повеќе сила – вкупно 685 коњи извлечени од познатиот 6,2 литарски V8 мотор.
Достапен исклучиво со шестстепен мануелен менувач, овој спортски седан е доопремен и со бројни надградени
компоненти меѓу кои и карбон-керамички сопирачки и Michelin Pilot Sport Cup 2 R пневматици.
Ќе се нуди само во една боја а секој од 26-те планирани примероци ќе биде украсен со обележја од формула 1 вклучувајќи го и логото на FIA.



