Со желба да го редефинира светот на ексклузивноста Rolls-Royce го претстави првиот производ од својата Coachbuild колекција.
Наречен е Project Nightingale и воведува драматично нов дизајнерски израз на возилата на марката.
Поставен на електрична платформа овој отворен двосед ги спојува иднината со наследството.
Голем колку Phantom има таканаречена торпедо силуета со долг преден дел на кој доминира новата најширока маска досега. Чистите линии на каросеријата завршуваат со исто така издолжен заден дел а внатрешноста е замислена како луксузен простор за двајца.
Подвижниот покрив од уникатен материјал добиен со комбинација на кашмир, ткаенина и композити ја придушува бучавата и има 10.500 светлосни елементи.
Техничките податоци не се објавени но е потврдено дека се работи за унапреден електричен погон од Spectre кој располага со побрзо полнење и поголема автономија.
Производството е ограничени на 100 примероци, сите веќе распродадени по цена која започнува од 7 милиони фунти.
Првите купувачи своите возила ќе ги добијат во 2028-ма година.


