Porsche 911 GT3 S/C – Посластица за богатите традиционалисти

Уште еднаш Porsche прави фасцинација употребувајќи го специфичниот стил на легендарната 911-ка и уникатноста на нејзината GT3 серија во кабрио издание

За првпат, Porsche претставува 911 GT3 со целосно автоматски кабриолет покрив кој може да се отвори за само 12 секунди и во движење до брзина до 50 км/ч.

Интегрираниот, електрично управуван дефлектор на ветер обезбедува возбудливо искуство при возење со отворен покрив. Со притискање на копче, дефлекторот на ветерот се отвора за само две секунди.

Може да се отвора и затвора на брзини до 120 km/h. Сепак не е само ова магијата на традиционалниот кабрио рецепт. 911 GT3 S/C е единствениот од линијата GT3 што се испорачува со мануелен шест степен менувач.

Тој работи во спрега со четири литарскиот шестцилиндричен мотор на GT3 и испорачува 510 КС. Ја катапултира каросеријата до стотка за само 3,9 секунди и ја погонува до максималните 313 км/ч.

Вкупната тежина од 1.507 кг укажува дека 911 GT3 S/C е за 84 кг полесен од кабрио изведбата Carrera S. Тоа е постигнато со вградување на делови од каросеријата од карбон, заедно со PCCB карбонските сопирачки кои заштедија 20 кг од вкупната маса и дополнителни 9 кг штедат магнезиумски тркала со централно заклучување.

Тука се и лесните делови од карбонски влакна што се скриени од погледите. Како и другите GT3 автомобили, S/C добива и соодветна предна суспензија. Внатрешноста има лесни панели на вратите со рачки од јаглеродни влакна.

911 GT3 S/C е изграден како двосед, со стандардно прилагодливи Sports Seats Plus со четири насоки на прилагодување. Лесни спортски седишта со преклопливи потпирачи и обвивки од карбонски влакна се опционално достапни.

Преклопливите „Bucket“ седишта се опремени со интегрирани воздушни перничиња, електрично прилагодување на висината и рачно надолжно прилагодување. Внатрешноста е обложена со црна кожа како стандард – вклучувајќи ги сончевите визири и деталите на А-столбот.

Уште еден атрибут на традицијата е што 911 GT3 S/C се стартува не со притискање на копче, туку со ротирачки прекинувач за палење лево од воланот. Дигиталната инструмент табла го поддржува возачот со јасно структуриран дисплеј и концепт на работа.

Режимот „Track Screen“ ги намалува дигиталните дисплеи лево и десно од мерачот на вртежи на есенцијални податоци за гуми, масло, течност за ладење и гориво. Доколку сакате во овој модус на работа, дисплејот може да се ротира така што ограничувањето на вртежите од 9.000 вртежи во минута да се постави на позиција на 12 часот.

Новиот Porsche 911 GT3 S/C  веќе е достапен за нарачка. Кај нас цената започнува од 384.951 евро.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER