Subaru Getaway & Forester Wilderness

Subaru ја прошири својата американска понуда со електричниот кросовер Getaway кој не е ништо друго освен препакуван Toyota Highlander од новата генерација.

Дизајнот сепак ги има препознатливите елементи на Subaru – осветлени амблеми на марката, карактеристична светлосна графика и стандардни носачи на покривот.

Внатрешноста е конципирана за семејни секојдневија, со доста простор за седум патници. За разлика од Highlander има посилна погонската група сочинета од два електромотора со 420 коњи и батерии доволни за поминување 500 километри кои од 10 до 80 отсто се полнат за половина час.

Подоцна ќе биде понудена и верзија со помал пакет батерии и пониска цена која се очекува да стартува од 55 илјади долари.

Се произведува во фабриката на Toyota во Кентаки а во Европа не треба да се очекува. Заедно со Getaway на салонот на автомобилите во Њујорк премиера имаше и хибридната варијанта на Forester Wilderness.

Располага со 197 коњски сили кои заедно со погонот на сите тркала, клиренсот од 236 милиметри и посебно подесеното ослонување му обезбедуваат посолидни теренски својства.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER