Mercedes како да не запира со новитетите – најавувајќи поопсежен редизајн на електричниот EQS објави дека ќе има steer-by-wire систем за управување со кој наместо преку механичка врска свртувањето на тркалата се командува преку електронски пат.
Со тоа се постигнуваат побрз одзив и поголема флексибилност, како и поизразено чувство на задоволство во возењето. Оваа технологија ќе придонесе за значително помал замор на возачот кој управувачот ќе го свртува со помали движења на рацете заради што тој има поинаков облик.
Предност е што со него се обезбедува повеќе простор за колената, полесно влегување и излегување и подобра прегледност на инструмент таблата и head-up дисплејот. Безбедноста е повеќекратно осигурана што е докажано со преку милион тест-километри.


