Infiniti навлегува во нови пазарни сегменти
Луксузната филијала на Nissan која повеќе години не е присутна во Европа ја прошири понудата со купе верзија на помалиот свој кросовер со ознака QX65.
Најавен со концепт минатата година тој има подинамичен дизајн на задниот дел и покрив чии спуштени линии одземаат само 15 милиметри за главите на патниците назад.
Димензиите му се задржани а опременоста е скоро иста како и кај QX60. За погон се грижи дволитарски турбо мотор со 268 коњски сили, исклучиво достапен со деветстепен менувач и погон на сите четири тркала.
Ќе се произведува во американската сојузна држава Тенеси а цените стартуваат од 54 илјади долари.


