Maybach S-Class – Рапсодија на кичот, или славје на луксузот???

Апсурдни луксузни детали, вештачка интелигенција, лого што свети, лого што лебди и лого што ве гледа како си заминувате…

Mercedes ја освежи Maybach S-Class, најверојатно според желбите и очекувањата на ѕвездите од Пинк Телевизија. На прво место доаѓа MB.OS управуван од вештачка интелигенција, ѕвездички на „лебдечките тркала“ и светлечки украси го туркаат кичот на уште повисоко ниво. Држачи за шампањски чаши и фрижидерот го нагласуваат луксузот на Maybach.

Од надворешноста, промените можеби не се веднаш очигледни, но деталите се навистина претерани. Оваа ултра-луксузна лимузина добива повеќе технологија, поголема персонализација и многу начини да се разликува од својот „скромен“ брат S-Class.

Однадвор, промените се потпираат многу на визуелна драма, а не на редизајн. Решетката е поголема, светлосните потписи се посложени, а муштериите сега можат да купат осветлени значки, осветлени рамки на решетката, па дури и светлечки украс на хаубата за некои пазари. Фаровите и задните светла, исто така, вклучуваат детали со трокраката ѕвезда. Доколку тоа не беш доволно, Maybach сега нуди ковани тркала со лебдечка ѕвезда во центарот на тркалото, остварување што Rolls-Royce го има веќе 20 години за американските рапери.

Внатре, целта е Maybach да се чувствува помалку како автомобил, а повеќе како дневна соба. Поставувањето на Superscreen сега користи графика специфична за Maybach, додадени се нови дрвени украси и теми за амбиентално осветлување, а има дури и опција за ентериер без кожа со употреба на текстил и синтетички материјали за купувачи кои сакаат поинаков поглед на луксузот.

Вештачката интелигенција, поддржана од најновиот MB.OS, е голема карактеристика во овој автомобил. Вештачката интелигенција може да предложи дестинации врз основа на навики, да реагира различно врз основа на контекстот, па дури и автоматски да ја прилагоди контролата на климата врз основа на однесувањето или тонот на гласот. Бидејќи е за патници, не за шофери, аудио системот на Maybach доаѓа со новиот Q9 Horch систем, нудејќи поширок спектар на опции за забава преку ажурираниот интерфејс.

Автоматските контролираните врати можат да се отвораат и затвораат со допир на копче, а задните седишта се спуштаат како првокласни авионски фотељи. Maybach ја позајмува активната суспензија од новата S-Class. Наместо само да се прилагодува на она штотуку го доживеала, каросеријата го чита патот напред. Погонските склопови исто така заслужуваат посебно споменување.

Се нудат нови електрифицирани шест и осумцилиндрични мотори, заедно со опционалниот V12 мотор за некои пазари. Новиот V8 во Maybach S 580 сега произведува 530 коњски сили, а тоа не ги вклучува дополнителните 23 коњски сили достапни со електрична помош. V12 моторот испорачува 603 КС и добива уникатна значка на решетка, што ѝ помага на лимузината од речиси 2,5 тони да достигне 100 км/ч за четири секунди.

Купувачите кои се помалку загрижени за моќноста можат да се одлучат за шестцилиндричниот погон со благ хибрид. Тој спарува три литарски шестцилиндричен турбо бензински мотор со капацитет од 443 КС и 560 Nm вртежен момент, со електричен мотор од 161 КС  кој испорачува 480 Nm вртежен момент, поддржан од батерија од 21,96 kWh.

Во оваа конфигурација, големата лимузина може да помине повеќе од 96 км само на електрична енергија. Секако, за оние што ова не им е доволно на располагање се  речиси бесконечните опции за персонализација на одделението Manufaktur. За тоа не ви е потребна шеичка титула, само доволно дебело конто, силна имагинација и образ што не црвенее.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER