Судбината го стигна легендарниот германски тјунер AC Schnitzer
Матичната компанија групата Kohl одлучи до крајот на годинава да згасне бидејќи како велат работата повеќе не била финансиски исплатлива. Позната најмногу по преработките на моделите на BMW, оваа работилница која постои од 1987-мата имаше успешна стратегија која вклучуваше и сопствено производство на компоненти на ослонувањето, издувни системи, тркала и делови од ентериерите на возилата од алуминиум, кожа и јагленородни влакна. Понудата му е богата – вклучува преку 2.500 артикли, од педали и управувачи до комплетни возила. Работат и со моделите на Mini и Toyota, како со класични мотори така и електрични. Но тоа очигледно не е доволно – растот на трошоците, непредвидливоста на синџирот на добавување, стагнирањето на глобалните пазари но и сé посложениот германски систем на хомологирање го сторија своето. Се смени и автомобилскиот свет – тјунинг културата не е она што некогаш беше, посебно сега со електрификацијата. Како стојат работите, иднината може да ја спаси само потенцијален купувач на компанијата.


