Ferrari Amalfi Spider – Скапа најава на летото

Наследникот на Roma доби петслоен платнен покрив

Пред секое лето од Маранело ни доаѓаат весели вести во форма на нови кабриолет изданија.

Високата автомобилска мода оваа лето ќе ја предводи Ferrari Amalfi кој доби „спајдер“ верзија со петслоен платнен покрив.

Кога тој ќе се спушти зазема само 22 центиметри во багажникот, но тоа не им значи многу на сопствениците за чии платежни катрички доволно е нивното портмоне. Со спуштен кров, капацитетот на багажникот се намалува од 255 на 172 литри,

спуштањето трае 13,5 секунди и таа операција може да се исполни при возење со брзина до 60 км/ч. 3,9 литарскиот V8 турбо мотор испорачува 640 КС, произведува 760 Nm вртежен момент,

и го катапултира Amalfi од 0 до 100 км/ч за 3,3 секунди, а 200 км/ч се достигнуваат за 9,4 секунди. Максималната брзина е 320 км/ч.

Цената е 270.000 евра што е за 30.000 евра повеќе отколку за изведбата со „цврста градба“.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER