Колку знаеме електромоторите?

Електромоторите историски гледано се скоро исто стари колку и моторите со внатрешно согорување и во минатото имаше периоди кога беа еднакво па дури и повеќе застапени за погон на автомобилите.

Нашите познавања најчесто завршуваат со тоа што тие се едноставни по конструкција и лесни за одржување што на електричните возила им дава многу предности. Друга значајна нивна предност е што енергетски се многу поефикасни и секако поеколошки, од каде произлегува и целата исфорсираност да се користат кај возилата.

Основни составни делови на електромоторите се статорот и ротор кој се врти со помош на промените на електромагнетното поле предизвикани со протекувањето на електричната струја. Постојат два типа електромотори. Синхроните имаат перманентни магнети, користат еднонасочна струја и генерално постигнуваат поголема ефикасност во поширок распон вртежи.

Кај асинхроните електромотори ротирачкото магнетното поле се добива со индукција за што се користи наизменична струја и за нивно користење кај возилата тие мора да бидат опремени со инвертор.

Главна карактеристика на електромоторите во однос на бензинските и дизелите е што можат да испорачаат максимален вртежен момент уште од минимален број на вртежи. Нивните компактни димензии овозможуваат да се вградат и директно на тркалата на возилата на кои главно не им треба механичка трансмисија и секако издувен систем.

Покрај тоа тие при запирање можат да генерираат електрична енергија со што ефикасноста во возењето се зголемува а потребата од користење сопирачки намалува. Недостаток им е што за нивно производство се потребни скапи метали и ретки материјали како и батерии со голем капацитет за складирање на енергијата потребна за задвижување на возилата.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER