Првата „темна фабрика“ ќе се отвори наскоро

Фабрика што роботите целосно ќе ги изработуваат автомобили се очекува да се отвори во Кина или САД до 2030 година

Сѐ повеќе автомобилски производители воведуваат хуманоидни роботи кои ќе ги превземат местата на работниците, особено на ризичните работни места.

Таквиот развој го доведува автомобилското производство до раб на радикална трансформација на работната сила и сигнализира дека во краток временски период фундаментално ќе се редефинира работењето во фабриките. Според аналитичарите, барем еден производител на автомобили ќе постигне 100 процентна автоматизација на склопувањето до 2030 година.

Промената претставува повеќе од оперативна ефикасност; таа означува пресвртница каде што вештачката интелигенција, хуманоидната роботика и дигиталното производство се спојуваат за да ги елиминираат речиси сите човечки улоги од процесот на склопување. Поради тоа ќе се преобликува сè, од принципите на дизајнирањето на возила до обука на работна сила и економијата на автомобилското производство.

Најверојатно тоа ќе се реализира од американски или кинески производител на автомобили кон крајот на оваа деценија. Ваквото предвидување се темели на фактот што неколку производители веќе воспоставуваат револуционерни производствени процеси и темелно ги ангажираат хуманоидните роботи.

Веќе 12 од 25 врвни производители на автомобили спроведуваат пилот програми со користење на напредна роботика во своите фабрики, помагајќи да се намалат трошоците за работна сила, да се подобри квалитетот и да се скрати времето на производствениот циклус, што значи подобри возила по потенцијално пониски цени.

Но, дури и кога линиите за склопување ќе бидат целосно автоматизирани, луѓето ќе бидат потребни во други улоги во фабриките. Всушност, интегрирањето на технологијата на вештачка интелигенција со „човечката генијалност“ ќе биде клучно за идниот успех на производителите на автомобили.

Вработените мора да бидат способни да ја разберат и проценат дигиталната технологија, работниците ќе мораат да се прилагодат на промените, да учат во текот на целата своја кариера, да решаваат проблеми и да работат во тимови.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER