Стара песна со нов мотор
Наскоро на пазарот ќе се пласира новата генерација на AMG GLC 53 4Matic+.
Номенклатурата укажува дека има нов мотор. Неговата зафатнина од три литри и во линија шест цилиндри дополнително ги пумпаат две турбини со помоќен електричен помошен компресор.
Таквата конструкција овозможува 449 КС и максимален вртежен момент од 600 Nm кои со „overboost“ нараснуваат на 640 Nm во траење од 10 секунди при 5.200 вртежи во минута.
Погонскиот склоп е надополнет со деветстепен автоматски менувач со усогласување на вртежите и повеќекратно менување на брзини во понизок степен, променлив погон на сите тркала и електронски диференцијал со ограничено пролизгување на задната оска со дрифт режим, достапен за прв пат во спортско-корисно возило со значката на AMG.
Со пакетот AMG Dynamic Plus, благиот хибрид забрзува од 0 до 100 км/ч за 4,2 секунди.
Електронски ограничената максимална брзина е подесена на 250 км/ч, а може да се зголеми на 270 км/ч со опционалниот пакет Driver’s. Максималниот капацитет за влечење се зголемува од 1800 на 2400 килограми во споредба со претходната генерација.
Mercedes AMG – GLC 53 4Matic+ ќе биде достапен во вториот квартал на годинава.


