Renault Duster – Се враќа во Индија и двојно поевтин отколку во Европа!?

После четиригодишна пауза Renault повторно ќе го произведува Duster во Индија!

Првата генерација беше лансирана во 2012-тата и одигра важна улога во развојот на пазарот кој од тогаш многу се смени.

Учеството на кросоверите порасна од 12 на дури 55 отсто, а купувачите повеќе не бараат само издржливост. И новата генерација ќе се произведува во истата фабрика од која имаат излезено 200 илјади примероци на Duster за локалниот пазар.

Тој сега позициите ќе ги брани со три моторни верзии, на изненадување без дизели кои се доста популарни во Индија. Основниот модел е опремен со еднолитарски турбо трицилиндричен мотор со 100 коњски сили, наредниот е 1,3 литарски со 160 коњи а на врвот хибридната верзија со исто толкава моќност.

Погонот во сите случаи е само на предните тркала а цените ќе бидат за половина пониски од оние во Европа. Renault во Индија има мрежа од 350 продажни и 450 сервисни центри.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER