Најновиот во низата фасцинантни концепти од луксузната дивизија на Hyundai ќе биде штета ако остане само концепт

Корејците се цврсто решени да го преземат водството во светот на возила кои никогаш нема да влезат во производство. X Skorpio го носи лудилото на повисоко ниво. Претставен е како теренски супер автомобил, дури и понеобичен од Lamborghini Huracan Sterrato. X Skorpio е различен од сè што Genesis некогаш го претставил. Брендот постои само малку повеќе од една деценија откако се одвои од Hyundai како самостојна марка, но со своите модели, па и концепти, покажува дека има голем хоризонт во премиум сегментот. Genesis објави дека X Skorpio е развиен имајќи го во предвид луксузниот животен стил на Блискиот Исток, што го објаснува екстремниот фокус на терен и огромниот клиренс. Дури и ентериерот е див, со лизгачки дисплеј, ремени со врзување во четири точки и заштитен кафез. Срцето на X Skorpio е V8 мотор кој произведува 1.100 коњски сили и неверојатни 1.152 њутн-метри вртежен момент. Иако ваквите бројки обично се поврзуваат со хибридни автомобили со високи перформанси, тука нема електрична помош. Осумцилиндричниот мотор има зафатнина од 6,7 литри и турбо полнач за да ги постигне овие вредности. Прерано е да се каже дали оваа конструкција со две врати има шанси да добие зелено светло. Сепак освежувачки е да се види како Genesis размислува надвор од рамките и развива нешто навистина различно. Неговиот чист радикализам сугерира дека производствената верзија би била исклучително скапа за развој и дека цената би била недостапна за повеќето купувачи. Утешително е што барем компанијата ни дава одличен нов материјал за сонување.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER