Вашиот глас е важен за европската титула!
Најголемото светско независно жири за доделување на наградата „Best Buy Car of Europe“ ги отвори портите и за јавноста. Покрај 32-та членови на жирито, врвни професионалци признаени од автомобилската индустрија, сега и вие можете да влијаете во процесот на гласање.
Покрај категориите Best Design, Best Technology, Best Users’ Car, вашиот глас ќе влијае и на конечниот резултат за круната Best Buy Car of Europe 2026. Потребно е само да направите неколку „клика“ со вашето глувче. Прво посетете ја нашата страница www.avtomagazin.com.mk. Кликнете на најгорниот десен банер со логото на AUTOBEST.
Линкот ќе ве однесе на нашата официјална страница. По потполнувањето на бараните формални податоци ќе можете да гласате за вашите адути помеѓу нашите шест финалисти. Гласањето е едноставно и трае помалку од минута. Секој што учествува во гласањето може да добие вредни награди. Гласањето трае до 31.03.2026 година.


