По официјалното претставување дебито на болидот Audi R26 ќе се случи на 8 март на големата награда на Австралија.
Формула 1 ќе влезе во својата 77-ма сезона во 2026 година збогатена со тимот Audi Revolut F1. На премиерата беше официјално потврдено дека погонскиот склоп означен како AFR 26 Hybrid има моќност до 350 kW на електричниот мотор и приближно 400 kW на 1,6-литарскиот V6 турбо мотор, кој работи на одржливо гориво.
Дефинитивната тркачка ливреја на R26 за првата сезона применета е новата дизајнерска филозофија на Audi – јасна, техничка, интелигентна и емотивна. Автомобилот се одликува со дизајн кој изразува техничка елеганција во својата препознатлива титаниумска завршница, во контраст со изложени карбонски влакна што означуваат сурови перформанси.
Овие елементи се нагласени со живописни акценти во црвена боја на лава и иконските прстени на Audi, симбол резервиран исклучиво за проектот Формула 1. Во новата сезона на Формула1 има нови технички прописи.
Новите тркачки автомобили имаат активна аеродинамика со предни и задни крила кои можат да се прилагодат за време на возењето. Претходниот систем за намалување на отпорот (DRS) ќе биде заменет со „режим на засилување“, кој испорачува максимална дополнителна електрична моќност со притискање на копче.
Ова може да се користи за престигнување или одбрана. Возачите Нико Хулкенберг и Габриел Бортолето се подготвени да го започнат патот на тимот чија амбиција е до 2030-та година да се бори за титулата.


