Dacia Sandero – Најпродаван во Европа втора година по ред

Откако беше претставен во 2008 година, Sandero е продаден во повеќе од 3,58 милиони примероци

Успешните резултати што ги бележи Sandero во продажбата докажува дека формулата на Dacia за нудење на сите основни работи во модерен, робустен и достапен пакет е магнет за потрошувачите. Бројките за 2025 година покажуваат дека прифатливиот мал автомобил е на врвот на листите за патнички автомобили во Европа.

Вкупната светска продажба изнесуваше 289.295 примероци. Неодамна освежените, Sandero и Sandero Stepway нудат уште поголема вредност за парите со појак изглед, најнова технологија и подобрена ефикасност во целата гама. За 2026 година, двата модели добиваат освежен надворешен дизајн со новиот превртен „Т“ LED светлосен потпис на Dacia и редизајнирани предни и задни браници,

давајќи им на двата модели помодерен и поробусен изглед. Внатре, двата модели имаат корист од паметниот систем за додатоци, надграден 10-инчен мултимедијален екран со подобрена поврзаност и достапност на безжичен полнач за паметни телефони.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER